сабота, 27 јули 2024

Британскиот министер за имиграција поднесе оставка

Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик во средата поднесе оставка, по објавувањето на нацрт-законот за враќање на имигрантите во Руанда, поради „длабоко несогласување со политичкиот правец на владата во поглед на имиграцијата“, за која верува дека не оди доволно далеку.

Објавено на

часот

Сподели

Неговата оставка ќе го зголеми притисокот врз премиерот Риши Сунак, кој десното крило на неговата партија го повикува да биде уште поостар во борбата против илегалната имиграција.

„Со голема тага му пишав на премиерот дека поднесувам оставка од местото министер за имиграција. Не можам да останам на мојата функција кога длабоко не се согласувам со политичкиот правец на владата во поглед на имиграцијата“, напиша Роберт Џенрик на Икс.

Неговата оставка е поврзана со предлог-законот за враќање на мигрантите во Руанда, кој во четврток треба да биде претставен во парламентот, а за кој смета дека не оди доволно далеку.

„Влоговите за земјата се превисоки за да не бараме посилна заштита потребна да се стави крај на рингишпилот на правни предизвици што ризикуваат да ја парализираат шемата и да ја негираат нејзината намера за одвраќање“, напиша тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ