Руските елитни десантни единици, попознати како ВДВ, претрпеа големи загуби од почетокот на војната, се вели во извештајот.
Единицата, која содржи околу 45.000 војници, била вклучена во неколку „значајни тактички неуспеси“, пишуваат британските разузнавачи.
„Тоа го вклучува обидот за напад на Киев преку аеродромот Хостомел во март, застојот на напредокот кон Изум од почетокот на април и неодамна неуспешниот и скап обид да се премине реката Доњецк кај Сиверски“, се вели во извештајот.
„ВДВ беше испратен во мисии за кои би било подобро да се користи потешка оклопна пешадија и заради тоа претрпе големи загуби за време на војната“, се вели во извештајот.
„Неуспешните мисии на таа единица веројатно ги одразуваат стратешките грешки во управувањето со овој ресурс и неуспехот на руските сили да обезбедат надмоќ во воздухот“, се вели во извештајот.
„Погрешното користење на ВДВ ја одразува лошо избалансираната ситуација во руската војска, и покрај 15-годишните големи инвестиции“, заклучуваат британските разузнавачи.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 26 May 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/rE0lcSuRxb
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/QCCDhm8rHj
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) May 26, 2022