понеделник, 28 октомври 2024

Британски пратеник суспендиран откако се појави снимка на која удира човек (ВИДЕО)

Британскиот пратеник Мајк Ејмсбери денеска беше суспендиран од неговата Лабуристичка партија, откако се појави видео на кое се гледа како тој удира и соборува човек на земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ејмсбери е суспендиран во очекување на истрага за инцидентот, кој се случил рано наутро во саботата.

На снимката од безбедносните камери се гледа како Ејмсбери на тротоар удира човек по лицето. Тој продолжува да го удира човекот што го собори, додека случајните минувачи му викаат да престане.

Ејмсбери објави соопштение во кое вели дека контактирал со властите и дека ќе соработува со каква било истрага.

„Синоќа бев вклучен во инцидент што се случи откако се почувствував загрозен на улица по вечерното излегување со пријателите“, напиша Ејмсбери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ