сабота, 27 јули 2024

Британски крадци ископале 30-метарски тунел за да опљачкаат банкомат

Објавено на

часот

Сподели

„Талентирана“ група криминалци од Манчестер, Велика Британија, вложиле мошне големо количество труд и време да ископаат тунел за да стигнат до скромен ќар. Тие копањето го почнале од едно мало дуќанче, низ еден паркинг, а на крај копале под темелите на видеотеката пред која стоел банкоматот. Тунелот висок 1,2 м е осветлен со светилки и има столбови што го потпираат таванот. Долг е повеќе од 30 метри.

Откако стигнале непосредно под банкоматот, крадците копале низ 40 сантиметри бетон за да ја украдат неговата содржина и да избегаат назад низ тунелот, јавува Скај њуз.

Полицијата изјави дека лицата одговорни за кражбата најверојатно шест месеци го копале тунелот.

Наредникот Иан Шор, полицискиот детектив што е одговорен за истрагата, изјави: „Во сите мои години служба, немам видено нешто олку детално изработено. Луѓето очигледно долго ја планирале кражбата. Работата е што и покрај сиот труд, тие дефинитивно не си заминале финансиски задоволни“.

Не е објавено колку пари се украдени, но дефинитивно не биле многу, поради тоа што за новогодишните празници од него било подигнато големо количество готовина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ