сабота, 27 јули 2024

Британски Гардијан отпушти карикатурист по 40 години работа поради карикатура на Нетанјаху

Британскиот весник Гардијан го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху.

Објавено на

часот

Сподели

Бел рече дека весникот Гардијан го отпуштил поради карикатурата што ја оценила за антисемитска.

„Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да објавуваат мои дела после карикатурата на Бенјамин Нетанјаху“, изјави Бел за британските медиуми.

На карикатурата се гледа како Нетанјаху носи боксерски ракавици и држи скалпел над голиот стомак додека прави засек во форма на Газа, со натпис: „Жители на Газа, бегајте веднаш“.

Критичарите рекоа дека тоа се однесува на Шајлок, еврејскиот лихвар од Шекспировиот „Венецијански трговец“, кој бара „парче месо“ од оние кои не можат да вратат долг.

Бел ги отфрли критиките како неосновани.

Портпарол на Гардијан потврди дека весникот нема да го продолжи договорот со Бел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ