сабота, 27 јули 2024

Британски Експрес: Британија ќе испрати трупи во Украина доколку Франција интервенира

Британија нема да има друг избор освен да испрати трупи во Украина за да се борат против руските оружени сили, доколку претседателот Емануел Макрон ѝ нареди на француската војска да го брабни Киев, изјавил поранешен висок воен офицер, пренесува британски Експрес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот претседател предизвика жестоки реакции меѓу западните лидери кога во февруари изјави дека армиите на НАТО би требало директно да интервенираат во Украина за да ѝ се спротивстават на руската војска. Макрон тоа го кажа во Париз, по разговор со повеќе од 20 шефови на европски држави и влади.

„Ќе направиме сè што е потребно за Русија да не ја добие војната“, истакна Макрон. Францускиот претседател додаде дека тоа не може да се исклучи, предупредувајќи ги своите колеги дека НАТО не смее да си дозволи да покажува знаци на слабост кон Русија.

Поранешниот потполковник во британската војска и сегашен аналитичар на Балтичката безбедносна фондација Глен Грант изјавил за Експрес дека Британија „ќе изгуби“ ако одбие да испрати трупи во случај на распоредување француски војници во Украина.

„Да бидеме искрени. Можеби ќе мораме да тргнеме во борба, бидејќи не можам да замислам Французите да тргнат во битка, а ние да останеме на страна“, кажал Грант.

„Ако не го направиме тоа, веќе сме изгубиле. Веќе го губиме кредибилитетот бидејќи едноставно не можеме да произведуваме доволно воена опрема“, додал британскиот аналитичар.

Тој истакнал дека заземањето на црноморското пристаниште Одеса би било причина за отворено вклучување на западните оружени сили во конфликтот.

„Заземањето на Одеса е црвената линија за Макрон. Ако Русите ја прегазат Одеса, тогаш ќе исчезнат 20 отсто од украинскиот БДП, а Украина би изгубила и пристап до море“, смета Грант.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ