четврток, 26 декември 2024

Британски дронови од пет милиони фунти не можат да летаат по лошо време

Објавено на

часот

Сподели

Шпионските дронови се толку модифицирани, со речиси 2.000 дополнителни системски барања, што станале претешки, што придонело програмата да биде „тотална катастрофа“, кажа парламентарецот Марк Франсоа и додаде дека осум беспилотни летала се целосно отпишани по цена од 40 милиони фунти.

Од друга страна, израелскиот дрон „хермес 450“ според кој е направен „вочкипер“ е „најдобриот дрон во светот“, кажа Крис Линколн Џонс, поранешен мајор на британската војска кој ја анализиран неговата ефикасност и го копирал за министерството за одбрана во Лондон.

Неговото истражување довело до развојот на дронот „вочкипер“ и еден од најголемите проекти на беспилотни летала на министерството за одбрана, кој чинел 1,4 милијарди фунти, од кои 54 парчиња се купени за британската војска.

„Хермес 450“ може да шпионира дури 17 часа. Може да лета на висина од околу 5.500 метри, па тешко е да се слушне и речиси невозможно да се види, а може да носи разни видови муниција и да извршува прецизни напади.

Експертите веруваат дека дронот со кој управува тимот на израелските воздухопловни сили Ескадрила 161, познат како „црна змија“, се користи во операциите во Газа и за вршење напади во Либан.

Меѓутоа, модифицираната британска верзија се покажала далеку понеуспешна. Неколку дронови се урнале, делумно поради тоа што биле оптоварени со дополнителни спецификации.

Британската верзија не може да работи во одредени, неповолни временски услови. Истрагата на комитетот за одбрана на Долниот дом на парламентот покажала дека програмата е оптоварена со 265 кориснички барања и 1.910 дополнителни системски барања.

Марк Франсоа, пратеник од редовите на конзервативците, член на комитетот за одбрана и поранешен министер за одбрана, кажа дека дебаклот покажал сè што не е во ред со набавката за војската бидејќи дронот уште од почетокот бил „премногу исфорсиран“.

Според него, целиот проект е „тотална катастрофа“, стигнал премногу доцна и всушност е веќе застарен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ