сабота, 27 јули 2024

Британски бродови ги следат руските во Северно Море

Објавено на

часот

Сподели

Британската кралска морнарица ангажирала воени бродови да ги следат руските бродови кои се приближиле опасно до Британија, навел изворот на Сан додавајќи дека фрегатата впловила во Северно Море за да внимава на руските бродови кои можат да носат нуклеарно оружје и „се обидуваат да демонстрираат сила пред крунисувањето на кралот Чарлс Трети“.

Според овие наводи, денес пет руски воени бродови и уште две пловила се појавиле во близина на британските води.

Изворот од британската војска кажал дека военото раководство било информирано за помал број руски бродови кои спроведуваат вежби во близина на Британија и внимателно ја следи ситуацијата. Сепак, според наводите на британскиот медиум, британската морнарица решила да испрати фрегата со противбродски ракети „харпун“ за да ги следи руските бродови.

Друг воен извор смета дека станува збор за „покажување мускули“ пред крунисувањето на кралот Чарлс.

Претходно во април, руското министерство за надворешни работи соопшти дека, откако Финска ќе влезе во НАТО и ќе се зголеми линијата на контактот на западниот воен пакт со руските граници, ситуацијата во северна Европа драматично ќе се смени, а Москва ќе биде принудена да преземе воено-технички и други мерки за да ги елиминира заканите. Русија повеќе пати оцени дека НАТО е насочено на конфронтација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ