петок, 26 јули 2024

Британски амбасадор отпуштен откако вперил пушка во вработен (ВИДЕО)

Британскиот амбасадор во Мексико е тивко отстранет од таа позиција откако вперил автоматска пушка во локален вработен во амбасадата. Снимката од инцидентот се појави на социјалната мрежа Икс.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Според Фајненшал тајмс, Џон Бенџамин бил на официјално патување во Дуранго и Синалоа, две мексикански држави со многу силни организирани криминални групи, кога нишанел во својот колега, на кого, како што се гледа на снимката, му било многу непријатно.

Се претпоставува дека оружјето му припаѓало на еден од членовите на обезбедувањето кое го следело дипломатот. Бенџамин бил отпуштен во април по инцидентот.

„Во контекст на секојдневните убиства кои ги спроведуваат нарко дилерите во Мексико, тој се осмелил да се шегува“, пишува на анонимниот профил на Икс на кој е објавена снимката.

Во последните шест години во Мексико се забележани над 30 илјади убиства годишно, додека организираните криминални групи се борат за контрола над територии и бизниси низ земјата.

Бенџамин, кој станал британски амбасадор во Мексико во 2021, претходно бил на слични позиции во Чиле, Турција, Гана, Индонезија и Соединетите Американски Држави во кариерата долга речиси четири децении. Тој повеќе не е на списокот на амбасадори на официјалната страница на британската влада.

Дипломатските односи на Британија е Мексико се главно добри, а двете држави во моментов преговараат за нов договор за слободна трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ