„Ќе им понудиме нова помош на милиони пушачи за да се откажат. Владата ќе финансира нов национален план ’Промени за откажување’, прв од ваков вид во светот“, се вели во соопштението на британското Министерство за здравство.
Според овој план, секој петти британски пушач на класични цигари ќе добие „вејп“ уред за е-цигари. Трудниците, пак, ќе добијат и посебни ваучери што ќе им помогнат да се откажат од пушењето.
Во Велика Британија 13 насто од населението се пушачи. Долгорочната цел на Владата е намалување на таа бројка под пет отсто.