сабота, 27 јули 2024

Британската полиција ја уапси Грета Тунберг (ФОТО)

Британската полиција денеска ја уапси Грета Тунберг, заедно со други климатски активисти, кои се собраа пред хотел во центарот на Лондон, со цел да го прекинат состанокот на директорите на нафтените и гасните компании.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата ја внесе Тунберг во полициско возило, заедно со уште десетина активисти.

Демонстрантите се обидоа да го блокираат пристапот до местото на одржување на конференцијата седејќи на тротоарот пред влезот, држејќи транспаренти и извикувајќи слогани, додека некои запалија димни факели, пишува Гардијан.

„Светот се дави во фосилни горива, а нашите надежи, соништа и животи се однесени во поплавата на екоманипулација и лаги“, изјави Тунберг пред новинарите пред да биде приведена.

Таа исто така изјави дека „со децении е јасно дека индустриите за фосилни горива биле свесни за последиците од нивните бизнис модели, а сепак не направиле ништо“.

„Не можеме да дозволиме ова да продолжи, така што немаме друга опција освен физички да ги попречиме и мора да продолжиме да покажуваме дека нема да се извлечат со ова“, нагласи таа.

На конференцијата, меѓу присутните се и извршните директори на саудиската компанија Арамко и норвешката Еквинор, како и британскиот министер за енергетска безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ