сабота, 27 јули 2024

Британска морнарица: Брод погоден со проектил во Аденскиот залив

Кралската морнарица на Британија соопшти дека брод се запалил откако бил погоден со проектил во Аденскиот залив.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), која е дел од морнарицата, соопшти дека бродот бил погоден од „непознат проектил во крмата“ во саботата на околу 70 наутички милји (130 километри) југозападно од Аден, Јемен.

Ударот резултирал со пожар, соопшти УКМТО, додавајќи дека нема информации за жртви. Контрола на штетите била во тек и бродот пловел до следното пристаниште. Агенцијата не соопштува детали за нападот на бродот, но советува да се внимава при пловењето во областа.

Аденскиот Залив, во близина на брегот на Јемен, ги поврзува Арапското и Црвеното Море.

Хутите поддржани од Иран постојано гаѓаат трговските бродови во областа од почетокот на војната во Газа во октомври. Хутите рекоа дека нападите претставуваат поддршка за палестинската милитантна група Хамас со тоа што отежнувале товарните бродови да стигнат до Израел.

Кон крајот на март, УКМТО соопшти дека бројот на поморски инциденти во Црвеното Море и Аденскиот Залив се зголемил за 475 отсто од почетокот на нападите на јеменските Хути врз трговските бродови. Трасата што минува долж Јемен е една од најважните поморски патишта за светската трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ