недела, 3 ноември 2024

Британска компанија: Грчки брод погоден со два проектили кај Јемен

Британската компанија за поморска безбедност Амбреј денеска соопшти дека грчки товарен брод кој пловел под знамето на Маршалските Острови бил погоден со два проектили во растојание од две минути додека минувал низ теснецот Баб-ел-Мандеб.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Товарниот брод наводно бил погоден и претрпел материјална штета на десната страна, додава Амбреј.

Британската компанија соопшти дека екипажот на товарниот брод го забележал проектилот во близина на бродот, на 75 километри јужно од јеменското пристаниште Мока на Црвеното Море.

Јеменските бунтовници Хути напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море од 19 ноември, како што тврдат, како одговор на израелските воени операции во Појасот Газа, што ги натера САД и Велика Британија да извршат одмазднички напади врз воени цели на Хутите во Јемен во минатиот месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ