сабота, 27 јули 2024

Британија воведува банкноти со ликот на Чарлс, речиси 2 години откако стана крал

Банкноти со ликот на кралот Чарлс стапија во оптек во Велика Британија денеска, речиси две години откако тој ја наследи покојната кралица Елизабета како монарх.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сликата на Чарлс ќе се појави на новите банкноти од 5, 10, 20 и 50 фунти на Банката на Англија. Постојните банкноти со ликот на Елизабета ќе продолжат да се користат.

Ова е во согласност со препораките „да се минимизира финансиското влијание на оваа промена и последиците врз животната средина. Тоа значи дека јавноста многу постепено ќе почне да гледа банкноти (со ликот на) кралот Чарлс Трети“, соопшти Банката на Англија.

Елизабета беше првиот монарх што се појави на британските банкноти, додека монетите во Англија прикажуваа слики на кралеви и кралици повеќе од 1.000 години.

Дизајнот на новите банкноти беше откриен во декември 2022 година, набргу откако стапија во употреба монетите со ликот на Чарлс. Освен новиот крал, дизајнот на банкнотите не е променет.

Употребата на готовина драстично опадна во Британија во изминатите неколку години бидејќи потрошувачите се повеќе преферираат дебитни картички и други форми на електронско плаќање.

Според Британскиот малопродажен конзорциум (БРЦ), готовината сочинувала повеќе од половина од трансакциите во продавниците во 2014 година, но нејзината употреба паднала на 15 отсто во 2021 година, делумно поради мерките за ковид-19 и е зголемена на 19 отсто во 2022 година.

„Ние сме посветени да обезбедуваме банкноти сè додека јавноста ги бара. Објавувањето на овие нови банкноти е знак на таа посветеност“, рече гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ