Имено, во последните денови се повеќе се зборува за можен недостиг на храна бидејќи Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица.
„Ужасно е што Путин се обидува да го држи целиот свет во заложништво. Тој всушност го користи гладот како оружје и се заканува со недостиг на храна и тоа за најсиромашните луѓе во светот“, рече Трас за време на денешната посета на Босна и Херцеговина.
„Едноставно не смееме да го дозволиме тоа. Путин мора да ги деблокира украинските пристаништа и да дозволи извоз на жито“, рече Трас.
Висок турски функционер вели дека Анкара преговара со Москва за можниот транспорт на украинските житарки преку Турција.
Но, можно е Москва да се согласи на т.н „коридори за житарки“ само под услов Западот да ги укине санкциите кон Русија. Таа идеја наиде на остри критики од Западот.