петок, 26 јули 2024

Британија почна да ги притвора мигрантите кои ќе бидат депортирани во Руанда

Британските власти почнале да ги притвораат мигрантите за да ги подготват за депортација во Руанда во претстојните девет до 11 недели, објави владата, поставувајќи темели за главната имиграциска политика на премиерот Риши Сунак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот во април го одобри законот кој го отвора патот за испраќање на барателите на азил во Руанда доколку престојуваат во Британија без дозвола, а Сунак сака првите летови за Руанда да полетаат уште во јули.

Досега оваа година со чамци од Франција во Англија пристигнале повеќе од 7.500 мигранти. Владата верува дека ваквата политика ќе ги одврати луѓето од опасното преминување на Ламанш. Минатата недела, на пример, во обид да го поминат опасниот канал загинале пет лица.

Се очекува добротворните организации и синдикатите кои водат сметка за човековите права и се противат на таквата политика да поднесат нови тужби за да го спречат полетувањето на авионите кон Руанда имајќи предвид дека Врховниот суд на Обединетото Кралство минатата година ја прогласи за нелегална.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ