среда, 23 октомври 2024

Британија го одби барањето на Зеленски да користи ракети со долг дострел во нападот на Русија

Владата на Британија го отфрли барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги користи ракети со долг дострел „сторм шедоу“ во нападот на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски тврди дека украинскиот напад на регионот Курск конечно би можел да го урне од власта рускиот претседател Владимир Путин, пишуваат британските медиуми.

Украинските сили сега контролираат околу 1.000 квадратни километри во Курск, на југот на Русија, според главниот генерал на Киев, па Зеленски побара да ги употребат ракетите со долг дострел за да можат да нападнат подлабоко во Русија, но извор од британската влада потврдил за британски Телеграф дека Британија не ја сменила својата политика и дека сè уште не дозволува тоа оружје да се користи во нападот.

Одлуката е донесена и покрај тоа што Зеленски наредил да се „подготви список на неопходни акции за Украина да добие дозвола од партнерите за употреба на оружјето со долг дострел за одбрана на нејзината територија“.

За време на посетата на Британија минатиот месец, Зеленски побарал од британскиот премиер Кир Стармер да ги укине ограничувањата за употребата на муницијата, која има дострел од околу 250 километри.

Ставот за користењето на проектилите „сторм шедоу“ не е само на британската влада, бидејќи проектилите се произведуваат во Франција, па и Париз се прашува за условите на користење.

Според Телеграф, Киев бара употреба на ракетите за да нападне аеродроми и логистички јазли далеку зад линијата на фронтот кои Москва ги користи за потиснување на украинските сили од Курск.

Киев и од Вашингтон побара дозвола за користење на ракетите со долг дострел АТАКМС во офанзивата на Курск, но и тоа е одбиено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ