недела, 12 мај 2024

Британците сепак увезуваат руска нафта

Британија, и покрај санкциите на Западот против Русија, увезува милиони барели гориво направено од руска нафта, се наведува во два извештаи во кои имал увид Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународните правила дефинираат дека нафтата која е преработена во одредена земја за потреби на трговија да се класификува како нафта со потекло од земјата на преработувањето, што значи дека државите како Кина и Индија можат да увезуваат руска нафта и откако ќе ја преработат можат легално да ја извезуваат во западните земји.

Експертот на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА) Исак Леви соопшти дека оваа „дупка во санкциите“ ја зголемува побарувачката за руска нафта и влијае на растот на нејзините цени.

Во одвоен извештај на невладината организација Глобал витнес се проценува дека Обединетото Кралство во 2023 година увезло околу 5,2 милиони барели рафинирани нафтени деривати произведени од руска сирова нафта.

Поголемиот дел од увезеното гориво, поточно 4,6 милиони барели, било млазно гориво.

Во двата извештаи се наведува дека Русија на овој начин профитирала со повеќе од 117 милиони евра.

Проценката направена од ЦРА и Глобал витнес се заснова на анализа на податоците за испорака на нафта на компанијата Кплер, додека податоците за цените се засновани на податоците на Евростат и други извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ