четврток, 27 март 2025

Британците се плашат дека нивни војници во Украина би се соочиле со тужби за кршење на човековите права

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британските војници кои евентуално би можеле да бидат испратени во Украина во рамки на мировна мисија би можеле да бидат обвинети за кршење на човековите права поради тоа што Британија е потписничка на Европската конвенција за човекови права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стармер се соочува со повици да одобри целосно изземање од Европската конвенција за човекови права за британските војници кои евентуално би биле испратени во Украина да ја штитат од Русија, пишува британски Телеграф.

Меѓутоа, британскиот министер за одбрана во сенка Џејмс Катлиџ им пишал на министрите повикувајќи ги максимално да ја зголемат заштитата на британските сили од можни судења во врска со кршењето на човековите права.

Картлиџ во писмото навел дека во изминатите недели одреден број ветерани изразиле загриженост дека против британските војници во Украина во рамки на можна мировна мисија би можеле да бидат поднесени тужби за кршење на човековите права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ