Се наведува дека мора да се прекине таа спрега за да се соочат со растечките закани. Приоритети се засилување на регрутацијата и задржувањето во војската, порача британското министерство за одбрана.
Минатиот месец генералот Патрик Сандерс, главен командант на војската и началник на генералштабот, побара да почне тренирањето на волонтерска граѓанска војска која ќе биде спремна за војна на копно. Предупреди дека зголемувањето на бројот на војници резервисти нема да биде доволно. Ја истакна заканата која ја претставува Русија по инвазијата на Украина и укажа дека други европски држави ги подготвуваат своите популации за воена состојба. Побара и подобро опремување и модернизација на војската.
Генералот Сандерс и претходно заговараше дека на Британија ѝ треба поголема војска, која сега има 73.000 војници, а во 2010 имала 100.000 војници. Во извештајот на одборот за одбрана, кој го подготвиле неколку партии, наречен „Спремни за војна?“, парламентарците напишале дека „кога и да треба војската да дејствува, се покажува дека е префорсирана и дека спремноста за војна од висок интензитет е ниска поради темпото на операции и другите обврски“.
Кажале дека се сè позагрижени поради кризата во регрутацијата и останувањето во војска, како на редовниот персонал, така и на резервистите. Напишале дека „не е изненадувачко тоа што повеќе луѓе заминуваат од војската отколку што влегуваат во неа“. додаваат и дека владата не прави доволно за тоа да го сузбие.
Од буџетот се предвидени 1,95 фунти за резерви на муниција, но тие пари може да бидат искористени за крпење на дупките во ресурси. Оваа година ќе се потрошат вкупно 50 милијарди фунти на одбраната, а во следната деценија ќе се зголемат вкупните трошоци за одбрана на 2,6 милијарди долари. Министерството за одбрана планира да ги крене трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП.
Џереми Квин, пратеникот кој претседава со одборот, ја опиша британската војска како „војска од светска класа чиј персонал покажува голема храброст и флексибилност, одговара на голем распон на кризи и закани низ светот без колебање и никогаш не доцни во задачата за одбрана на нацијата“.
И покрај тие зборови, тој предупреди на „постојаниот бавен пад на операциите и обврските“ и на падот во регрутацијата и останувањето во војска. Кажа дека владата мора да почне да носи тешки одлуки: или ќе вложува многу во војската, или јасно ќе одлучи дека акцентирањето на војската би оставило помалку ресурси за други работи“.
Министерот за одбрана Грант Шапс кажа дека Британија мора да се подготви за „сè поопасниот свет“ во контекст на заканите кои ги преставуваат Кина, Русија, Иран, Северна Кореја и терористичките групи. Кажа дека може да даде точен датум кога владата ќе го достигне саканото ниво на вложување во војската. Кажа дека тоа ќе биде „кога економските прилики ќе го дозволат“.