сабота, 27 јули 2024

Британците неуспешно тестирале моќен нуклеарен систем, се обиделе да прикријат (ВИДЕО)

Британците минатиот месец неуспешно го тестирале нуклеарниот систем Трајдент бидејќи проектилот паднал во море во близина на подморницата која го лансирала, јавија денес британските медиуми. Британското министерство за одбрана не објавило ништо за неуспешниот тест, сè додека информацијата не ја објавија медиуми.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави Сан, контролните мотори на проектилот, кој носел лажни боеви глави, не се запалиле за време на лансирањето на 30 јануари кај брегот на Флорида и проектилот се урнал во море. Британското министерство за одбрана кратко соопшти дека при тестирањето дошло до аномалија и дека поради националната безбедност не може да објави повеќе детали.

„Поради прашања поврзани со националната безбедност не можеме да пружиме дополнителни информации за инцидентот. Меѓутоа, уверени сме дека аномалијата беше специфичен настан и затоа нема импликации во врска со сигурноста на ракетните системи и залихите на Трајдент“, се наведува во соопштението.

Министерството додаде дека британското нуклеарно одвраќање останува „сигурно и ефикасно“. Британските функционери порачаа дека ракетниот систем Трајдент е еден од најсигурните оружени системи во светот“ и дека успешно се извршени 190 тестови.

Последното успешно британско тестирање на Трајдент се случило во 2012 година. Последното тестирање на Трајдент пред годинешното тестирање во јануари било извршено во 2016 година и исто така било неуспешно бидејќи проектилот скршнал од планираната траекторија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ