Министерот за здравство Вес Стритинг потврди по советувањето со медицински експерти дека постоечките мерки на забрана за продажба и снабдување со блокатори на пубертетот ќе продолжат на неодредено време. Министерството за здравство и социјална грижа соопшти дека Комисијата за лекови соопштила дека советот на независните експерти е дека „во моментов постои неприфатлив безбедносен ризик во континуираното препишување блокатори на пубертет на деца“.
Стритинг истакна дека комисијата препорачала ограничувања на неодредено време за да се гарантира безбедноста на децата и младите.
Англиската Национална здравствена служба (НХС) уште во март годинава објави дека на децата повеќе нема да им бидат давани блокатори на пубертетот на клиниките за утврдување на родовиот идентитет.
Хормоните кои го сузбиваат пубертетот дејствуваат така што го сузбиваат испуштањето на хормоните кои го предизвикуваат пубертетот. Блокаторите на пубертетот на тој начин ги сопираат физичките промени како развојот на градите или влакната на лицето.