сабота, 27 јули 2024

Брисел ѝ порача на Унгарија дека нејзиниот закон за „суверенитетот“ го крши законот на ЕУ

Европската комисија денес соопшти дека ја известила Унгарија дека нејзиниот закон за „заштита на националниот суверенитет“ го крши законот на Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан наведува дека законот за „заштита на националниот суверенитет“ е неопходен за заштита од странско политичко мешање.

Европската комисија соопшти дека ѝ испратила официјално известување на Будимпешта дека ќе почне постапка поради повредата на прописите поради унгарскиот закон за кој наведе дека ги крши демократските вредности и основните правила на ЕУ.

Унгарскиот парламент го усвои во декември законот за заштита на националниот суверенитет поради, како што беше наведено, одбраната од непримерно политичко мешање на странски лица и групи.

Со новиот закон, кој е усвоен со 141 глас за и 50 против, се воспоставува специјално тело за истражување и следење на ризиците од политичко мешање.

Забрането е финансирање од странство на партии или групи кои се кандидираат на избори и тоа е казниво со затвор до три години.

Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ побара претходно од пратениците на Фидес да се откажат од предлог законот.

Таа кажа дека законот „ќе ѝ овозможи на власта да бара чувствителни податоци и приватни информации од кого било без соодветен надзор“.

Унгарскиот премиер Орбан, кој е на власт од 2010 година, ги негираше обвинувањата дека ја поткопува демократијата во Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ