сабота, 27 јули 2024

Брилијантниот Чилиќ го исфрли Медведев од Ролан Гарос

Објавено на

часот

Сподели

Марин Чилиќ е последниот четвртфиналист на Ролан Гарос, Хрватот со убедливи 3-0 го победи Данил Медведев, по сетови беше 6-2, 6-3 и 6-2.
 
Медведев беше втор носител на Ролан Гарос, а Чилиќ е тенисер на кој повеќе му лежи тврдата подлога поради силниот сервис, но вечерва одигра брилијантно и за помалку од два часа победи.
 
По натпреварот Чилиќ изјави дека ова бел еден од неговите најдобри мечеви во кариерата.
 
Во четвртфиналето Чилиќ ќе има уште еден Русин за противник, Рубљов кој го помина Синер. При 1-1 во сетови, Италијанецот го предаде мечот.
 
Другите четврфинални двојки се Руд – Руне, Алкараз – Зверев и Ѓоковиќ – Надал.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ