петок, 26 јули 2024

БРИКС останува без Аргентина

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да влеземе во БРИКС“, напиша Дајана Мондино, министерката која ја постави избраниот претседател Хавиер Милеј, на мрежата Икс (Твитер).

Овој потег претставува навестување на драстична промена во надворешната политика која ќе биде воведена во Аргентина кога Милеј ќе ја преземе функцијата.

Аргентина е една од земји кои беа официјално поканети да се придружат на БРИКС во август годинава. Покрај Аргентина, официјална покана добија и Саудиска Арабија, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.

Блокот тогаш им наложи на министрите за финансии и гувернерите на централните банки да го разгледаат прашањето на локалните валути, платните инструменти и платформите и за тоа да им поднесат извештај на лидерите на БРИКС до следното лето.

Меѓутоа, новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милеј, кој стапува на должност на 10 декември, за време на претседателската кампања тој вети дека ќе ја укине централната банка и ќе го воведе доларот.

„Знам како да го искоренам ракот на инфлацијата“, кажа Милеј за време на последната претседателска дебата, ветувајќи реконструкција на Аргентина и „драстични промени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ