недела, 20 октомври 2024

БРИКС – нов нафтен гигант кој ќе контролира речиси половина од светскиот пазар

Објавено на

часот

Сподели

Весникот се повикува на пресметките засновани на податоците на ОПЕК за извозот и производството на нафта за 2022 година.

Врз основа на тие пресметки, се доаѓа до заклучокот дека земјите на БРИКС по пристапувањето на новите членки ќе контролираат речиси половина од светското производство и залихите на нафта.

На овонеделниот самит во Јоханесбург, групата објави дека Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати официјално ќе им се придружат на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка во БРИКС на први јануари 2024 година.

Од споменатите нови членки, за застапеноста на БРИКС на светскиот пазар на нафта најзначајни се Саудиска Арабија, ОАЕ и Иран.

Покрај Русија и Бразил, овие држави заедно контролираат 39 отсто од вкупниот светски извоз на нафта, или 17,1 милиони барели дневно. Податоците покажуваат дека 11-те земји на проширениот БРИКС ќе сочинуваат околу 47,6 отсто од вкупното производство на нафта.

БРИКС исто така ќе контролира речиси половина од вкупните светски резерви на нафта, односно 719,5 милијарди од вкупно 1,6 трилиони барели.

Ако Венецуела, која исто така поднесе барање за членство, биде примена, контролата на групата ќе биде уште поголема – околу 65,4 отсто.

За споредба, групата водечки западни економии Г7 (САД, Британија, Германија, Италија, Канада, Франција и Јапонија( контролираат само 3,9 отсто од постоечките резерви на сирова нафта.

Аналитичарите истакнуваат дека ширењето на БРИКС на земјите од Заливот веројатно ќе доведе до губење на влијанието на САД на светскиот пазар на нафта.

„Пристапувањето на Саудиска Арабија и ОАЕ е исклучително значајно. Соединетите Држави се потпираа на заливските монархии, особено на Саудиска Арабија, за контролата на цената на нафтата. Со нивното пристапување во БРИКС, се чини дека Америка изгуби секаков вид контрола над цените на нафтата во догледна иднина“, вели ирскиот економист Филип Пилкингтон во написот за британски Анхерд.

Тој смета дека резултати од самитот на БРИКС исто така симболизираат крај на економската изолација на Иран.

„Имајќи предвид дека таа земја е осми најголем произведувач на нафта во светот и дека ги поседува третите најголеми резерви, ова е значителен економски и геополитички настан“, наведе Пилкингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ