среда, 23 октомври 2024

Брест го сопна Леверкузен во меч со контроверзна завршница, без победник и на дуелот Аталанта-Селтик (ВИДЕО)

Брест се избори за 1-1 против Баер Леверкузен но гостите се жалеа на судиска неправада и недосуден пенал во финишот, Аталанта џабе шутна преку 20 пати, одигра само 0-0 против Селтик.

Објавено на

часот

Сподели

Без победник на првите два денешни натпревари во Лигата на шампиони, Брест одигра 1-1 против Баер Леверкузен, а натпреварот помеѓу Аталанта и Селтик заврши со 0-0.

На „Стад де Рудуру“, шампионот на Германија поведе во 24. минута со голот на Вирц, но пред крајот на првиот дел, Лес Мелу закачи волеј од врвот на шеснаесетникот и ја затресе мрежата за 1-1.

Натпреварот имаше контроверзна завршница, Хофман беше соборен во казнениот простор, гостите бараа пенал, но судијата не досуди ништо, ниту пак ВАР се огласи.

Во Бергамо, Аталанта доминираше против Селтик, упати дури 22 шута кон противничкиот гол, но не успеа да го совлада Шмајхел и на семафорот остана оној почетниот резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ