сабота, 27 јули 2024

Брера Струмица се засили со младински репрезентативец на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Аризанкоски во минатата сезона играше за Победа од Прилеп, но летово го напушти прилепскиот клуб и ќе го облече дресот на Брера.

„Андреј Аризанкоски од Прилеп е новото име на нашиот прв тим. 18-годишниот фудбалер кој игра во одбраната односно дефанзивниот среден ред има настапувано за Победа каде во изминатата сезона одигра 17 натпревари. Млад надежен фудбалер кој е дел и од македонската репрезентација до 18 години веќе се приклучи на нашиот тим во Банско, Бугарија“, соопшти тимот од Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ