понеделник, 21 октомври 2024
ПМФЛ

Брера со супер гол на Јанкулов го победи Вардар, Струга подобра од Гостивар (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Брера и Вардар одиграа интересен меч кој на крајот им припадна на Струмичани. Единствениот погодок се случи во 58. минута кога Јанкулов испрати вистински проектил.

Струга Трим Лум одбраната на титулата ја почна со победа против Гостивар од 2-0. Стружани поведоа со гол на Радески во 22. минута, а триумфот го потврди Сенад Јаровиќ во финишот од мечот.

Шкендија со гол на Алмир Аганспачиќ во 91. минута славеше на гостувањето кај Воска Спорт со 1-0.

Македонија Ѓорче Петров доживеа пораз од 1-0 на гостувањето кај Тиквеш. Голот за Кавадарчани беше дело на Иван Ивановски во 42. минута.

Најмногу голови, три имаше на дуелот во Штип каде Брегалница со 2-1 го победи Силекс. За домаќините погодија Димитриевски и Андерсон, а за гостите Милосављевиќ. Сите три погодоци беа дадени во првото полувреме.

Утре од 17 часот се игра последниот меч од колото, дуелот меѓу Работнички и Шкупи.

1. коло:

Брера – Вардар 1-0

Брегалница – Силекс 2-1

Струга ТЛ – Гостивар 2-0

Тиквеш – Македонија ЃП 1-0

Воска Спорт – Шкендија 0-1

Утре (понеделник) 17 часот:

Работнички – Шкупи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ