Продолжува трендот на тренерски смени во најдобрата македонска фудбалска лига.
„Фудбалскиот клуб Брера ја информира јавноста оти по четиримесечен ангажман , договорно ја раскинува соработката со шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов кој зад себе остави печат и белег во работата на првиот тим. Михаилов во нашиот клуб дојде на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ од позицијата прв тренер“, стои во соопштението на Брера.