сабота, 27 јули 2024

Брера отвори фан шоп во Струмица

ФК Брера Струмица денеска свечено отвори продавница за своите фанови, а на отворањето беше присутен Горан Пандев кој се сликаше и делеше автограми на посетителите.

Објавено на

часот

Сподели

Струмичкиот клуб денеска свечено го отвори својот фан шоп кој е лоциран на плоштадот во строгиот центар на Струмица.

„Во присуство на голем број граѓани, љубители на фудбалот, наши симпатизери и навивачи го отворивме првиот фан шоп каде може секој посетител да набави брендирани дресови, јакни, маици, шалови, привезоци, шолји, пенкала како и други предмети со логото на Брера“, стои во клупското соопштение.

На отварањето беше присутен Горан Пандев кој се сликаше и делеша автограми.

„Луѓето од управата се амбициозни, сакаат да направат едно поврзување со заедницата. Еве отвораме фан шоп и ова треба да биде поттик не само за нашиот туку и за останатите клубови во земјава бидејќи во европскиот свет ова е секојдневие. Тука сите љубители на фудбалот, навивачи на ФК брера ќе можат да си купат нешто од нашиот клуб и се надеваме на добри резултати бидејќи без добри резултати ќе нема мотивација и кај навивачите“, рече Пандев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ