сабота, 19 октомври 2024
ПМФЛ

Брера ја победи и Струга, Дуро ги чуваше силите за Европа

Објавено на

часот

Сподели

Струга Трим Лум во четврток игра плејоф меч за пласман во групната фаза од Конференциската лига против исландскиот тим Брејдбалик, па тренерот Шпетим Дури со мислите беше повеќе кон тој меч, за денешниот дуел со Брера извади комбиниран состав.

Брара поведе со гол на Ване Крстевски во првото полувреме во кое можеше да дојде и до повиска предност.

Во вториот дел Дуро во игра ги стави Бесарт Ибраими и Бесмир Бојку, тоа ја крена играта кај домаќинот. Во 52. минута Ибраими даде гол за израмнување на 1-1.

Струга напаѓаше за комплетен пресврт и победа, но Брера со гол на Хрватот Марио Врдољак дојде до победата од 2-1 и нови три бода.

По три одиграни кола Брера Струмица има максимални девет бода и е лидер на табелата, Струга одигра два меча, има освоено три бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ