Откако претходно поради лошите резултати се раздели со италијанскиот тренер Џовани Валенти, Брера денеска го промовираше неговиот наследник.
„Бојан Круљ од Србија нов шеф на стручниот штаб на Брера Струмица. Тој доаѓа од Србија и во својата кариера со малдите работел во Вождовац и Синѓелич а како шеф на стручен штаб бил на ИМТ од Белград и Рудар од Приједор Босна“, стои во соопштението на Брера.
Струмичкиот тим полусезоната ја заврши на осмото место на табелата со 20 освоени бодови од 18 натпревари.