недела, 20 октомври 2024

Брера го надигра Вардар и со победа ја почна новата сезона

Во последниот натпревар од првото коло во ПМФЛ, Брера славеше со 3-1 во пресметката со Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Брера одлично ја отвори новата сезона, со доминантна игра стигна до победа од 3-1 над Вардар.

Домаќините поведоа рано, веќе во втората минута ја затресоа мрежата на Гачевски откако Ивковиќ одлично се снајде по една одбиена топка.

Вардар изедачи од првата посериозна акција, Захариќ доби топка во фор и стралеше прецизно за 1-1 во 28. минута од мечот.

Сепак, Бребра на стартот од вториот дел повторно се врати во предност, Ивковиќ беше уфрлен пред Гачевски и со рутинска завршница донесе 2-1.

Победникот беше решен во 77.  минута, Олаосебикан прецизно биеше на првата статива и ги постави конечните 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ