сабота, 19 октомври 2024

Брера бара нов тренер, Круљ доби отказ

Слично како и Вардар, Брера ќе бара нов тренер. Лошиот влез во сезоната го чинеше отказ Бојан Круљ, во репрезентативната пауза струмичкиот тим ќе назначи нов предводник.

Објавено на

часот

Сподели

По стартната победа над Вардар, Брера нареди три последователни порази, тоа го вклучи алармот во раководството кое реши да повлече потег, Бојан Круљ веќе не е тренер.

„Управата на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Круљ од Србија. Одлуката од двете страни е донесена откако првиот тим не ги даде очекуваните резултати на стартот од првенството и истите не се вклопуваат во амбициите и стратегијата на клубот за ова сезона. Двете страни во интерес на клубот одлучија по поразот од Струга Тим Љум, трет последователен, да ја раскинат соработката. Ова значи дека стручниот штаб предводен од Бојан Круљ заедно со Душан Дошљак и Милош Поповиќ нема да го предводат првиот тим на Брера во продолжението на првенството“, стои во соопштението на Брера.

Директорот на Брера, Ване Стојанов најави дека клуб наскоро ќе назначи нов тренер.

„Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона“, рече Стојанов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ