сабота, 27 јули 2024

Брегалница се дави во отпад, пречистителната станица актуелна осум години

Пластични шишиња, кеси, лименки, телевизори, делови од автомобили, градежен шут го „красат“ коритото, но и водата во реката Брегалница, почнувајќи од бањата Кежовица сѐ до мостот на експресниот пат Штип-Радовиш, каде е главната колекторска цевка на градот Штип.

Објавено на

часот

Сподели

МИА на 22 март кога штипјани го празнуваат неколкувековниот обичај Четрсе и доаѓањето на пролетта беше во обиколка на овој потег на реката во должина од неколку километри.

Првата локација е од бањата Кежовица по течението на реката Брегалница во правец кон месноста Калимерово и покрај патот кој води до депонијата Трештена скала. Природата се разбудила и е раскошна, но оваа исконска убавина, некој непознат „сторител“ успеал да ја нагрди. Секаков отпад во водата, а на брегот купишта од градежен шут и секаков отпад.

Втората локација на реката Брегалница е Калимерово или Четврти километар, каде се наоѓа главната колекторска цевка на градот Штип. Сите фекални и индустриски води од домаќинствата и индустриските капацитети директно се испуштаат во најголемата река на источниот регион.

На самиот паркинг на патот кој води до клучката за експресниот пат Штип-Радовиш, истата слика – секаков отпад, гуми, картонски кутии, пластична амбалажа, лименки.

Возачите и патниците кои поминуваат по овој мост патувајќи кон Радовиш и Струмица или во обратен правец кон Велес и Скопје чувствуваат неподнослива реа, која доаѓа токму од отпадната вода од оваа колекторска цевка за градот Штип. Смрдеата од фекалните и индустрсиките води сама по себе говори колкав е степенот на загаденоста и квалитетот на водата на реката Брегалница на ова место, за штипјани  познато како Четврти километар или Калимерово.

Квалитетот на водата на Брегалница во штипскиот регион е меѓу трета и четврта класа

Деканот на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Ѓорѓи Димов вели дека испитувањата што ги правеле пред три години покажале дека водата е загадена.

„Реката Брегалница во долниот тек е загадена, а нејзината вода е од класа четири, покажаа мерењата пред три години, а објавени пред  две години, кои ги направија Здружението Медиа плус и лабораторијата Амбикон при Универзитетот ‘Гоце Делчев’-Штип“, вели Димов. Според резултатите, оваа река во делот на штипскиот регион е на ниво на канализациона мрежа, бидејќи водата е богата со бактерии од фекално потекло.

Димов во видео разговор во прес-центарот на МИА во Штип појаснува дека научниците го мерат степенот на загаденост на водата во реките и езерата доколку им треба податок за научни трудови или ако ги ангажираат невладините организации, каков што бил примерот со кампањите  „Разбистри се“ на Институтот за комуникациски студии и на „Медиа плус“.

„Тоа беше проект што го правевме со невладиниот сектор на нивна иницијатива. Се земаа неколку проби, чисто онака школски, показни, да го видиме квалитетот на почвите и седиментите во река Брегалница. Последната мислам дека ја правевме пред две години. Од тогаш не сме имале активности. Не знам дали некој, дали Министерството за животна средина имало некои активности со понови испитувања на состојбите или Хидрометереолошкиот завод, којшто веројатно има обврска да го следи тоа. Не знам, за 2023 не сум видел податоци, а во  2022 година што ги видовме, посебно за квалитетот на водите, особено во есенскиот дел не беше многу добро“, вели Димов.

MИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ