среда, 11 декември 2024

Бредли Купер обожава терапија

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездата на „Мамурлак“, кој неодамна беше избран за најсекси маж во Холивуд, објасни дека не одел кај психијатри поради психички „кризи“, туку поради тоа што сметал дека ќе му помогнат да „созрее како личност“.
Тој објаснува: „Ох, боже, обожавам терапија. Не отидов поради криза, ме привлече аспектот дека можам да созреам како личност. Мислам дека тоа е фантастично“.
Бредли, за кого се зборува дека е во врска со Зои Салдана од „Аватар“, призна дека строгата диета и напорното вежбање за неговата улога во филмот „А-тим“ било лудо искуство и иако резултатите од сето тоа биле естетски пријатни, тоа не е нешто што би можел долгорочно да го прави.
„Тренинг-програмата беше луда. Постигнав неверојатни естетски резултати, но од гледна точка на животниот стил, не бев премногу задоволен. На средина на снимањето, кога завршија моите сцени, живеев само на пица и на сладолед“, изјави тој за списанието „Пипл“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ