сабота, 27 јули 2024

Бредли Купер кога бакнува – бакнува

Објавено на

часот

Сподели

Холивудскиот срцекршач и секси-актерката биле на приватна забава со тема од 40-тите години од 20 век на имот во Бел Ер во Лос Анџелес. Кога часовникот означил полноќ, вљубените актери го започнале долгометражниот бакнеж.
Еден од неговите пријатели измерил дека се бакнувале цели 20 минути!
Бредли и Зои се запознаа на снимањето на новиот филм „Зборови“, но нивната врска почна дури откако актерката ја раскина свршувачката со Кит Брајтон во ноември.
36-годишниот Бредли, кој беше прогласен за најсексапилен човек на светот во изборот на списанието Пипл, докажа дека ја заслужува титулата со низата врски со славни убавици, меѓу кои и Рене Зелвегер, Џенифер Лопез и Оливија Вајлд.
Сепак, ѕвездата на Тим А се обиде да го намали значењето на неговиот статус на секс-симбол. Тој изјави: „Страшно лоша работа. Конечно сум на возраст кога навистина не ми е гајле за такви работи, што е одлично, и тогаш ми се случи нешто вакво. И тогаш почнав да сфаќам колку всушност не сум секси. Имам многу моменти кога, на пример, излегувам надвор, и кога ќе ја отворам вратата, ќе си помислам Можев тоа да го направам многу посекси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ