Штручниот штаб на Вардар, на чело со Бобан Грнчаров одлучи да го задржи 22 годишниот Лелис Фигуередо Педрињо.
Бразилецот пристигна во „црвено-црното“ семејство уште на почетокот на јули и ги одработи подготовките на Златибор. Вардар на крајот реши да го задржи офанзивниот фудбалер, па Педрињо ќе биде шесто засилување ова лето.
Тој доаѓа од екипата на Минор Перник, а претходно настапувал за бразилските екипи Индепенте де Лимеира и Наутико.