недела, 28 април 2024

Бразил и Франција започнаа програма вредна милијарда евра за заштита на амазонските прашуми

Бразил и Франција започнаа инвестициска програма за заштита на бразилската и гвајанската амазонска прашума, која вклучува милијарда евра приватни и јавни средства во следните четири години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативата беше објавена за време на тридневната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на јужноамериканската земја, кој вчера слета во Белем, во близина на устието на Амазон, каде што беше пречекан од бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

„Собрани во Белем, во срцето на Амазон, ние, Бразил и Франција, земјите од Амазон, решивме да ги здружиме силите за да ги промовираме меѓународните упатства за заштита на тропските шуми“, се вели во заедничката изјава.

Нивното ветување дека ќе работат заедно за да се запре уништувањето на шумите во Амазонија до 2030 година за да се помогне во забавувањето на глобалното затоплување доаѓа две години пред Бразил да биде домаќин на разговорите за климата КОП30 во Белем во 2025 година.

„Претседателите ја изразија својата посветеност на зачувување, обновување и одржливо управување со светските тропски шуми и се согласија да работат на амбициозната агенда, вклучувајќи развој на иновативни финансиски инструменти, пазарни механизми и плаќања за еколошки услуги“, се вели во соопштението.

Макрон и Лула отидоа со речен чамец до остров во близина на Белем, каде што посетија проект за одржлив развој за производство на чоколада и се сретнаа со домородните лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ