сабота, 5 октомври 2024

Бразил е елиминиран од Копа Америка, Уругвај победи на пенали (ВИДЕО)

Уругвај по подобро изведување на пенали го победи Бразил и се пласираше во полуфиналето, мечот во регуларниот тек беше 0-0, меѓу четирите најдобри оди и Колумбија која со 5-0 ја декласираше Панама.

Објавено на

часот

Сподели

Бразил уште во четвртфиналето го заврши настапот на Копа Америка, Бразилците не успеаа да го совладаат Уругвај.

Во регуларниот тек мрежите мируваа. Шансите за гол на Бразил се зголемија во 74. минута кога Нандез доби црвен картон и Уругвај остана со фудбалер помалку. Но тоа не беше искористено.

По 90 минути игра беше 0-0. Во Копа Америка нема продолженија, па директно се отиде кон шутирање на пенали.

Двајца Бразилци промашија, Милитао и Даглас Луиз, тоа беше доволно за победа на Уругвај кој во полуфиналето ќе игра против Колумбија.

Колумбијците ѝ дадоа пет гола на Панама и на убедлив начин изборија место меѓу четирите најдобри.

Сите пет гола ги постигнаа различни стрелци, Кордоба, Родригез и Диаз погодија во првиот дел, Риос и Мигуел Борха реализираа во второто полувреме.

Полуфинални двојки:
Аргентина – Канада
Уругвај – Колумбија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ