сабота, 27 јули 2024

Бразил: 13 лица загинаа во поплави по обилните дождови (ВИДЕО)

Тринаесет лица загинаа, 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд во државата Рио Гранде до Сул на југот на Бразил, владата на оваа покраина прогласи вонредна состојба за поефикасно да се справи со драматичната ситуација.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање исчезнати лица и на општата безбедност на луѓето во загрозените подрачја, пренесува Ројтерс.

Невремето, кое предизвика најголемо уништување во државата во последните години, ги принуди властите да преселат 5.257 лица во 134 градови, потврди службата за цивилна заштита во Рио Гранде до Сул.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва треба да ги обиколи погодените подрачја, потоа да се сретне со гувернерот Едуардо Леите во четврток во Санта Марија, градот каде што се пријавени три смртни случаи.

Претседателот на Бразил синоќа му ветил на гувернерот Леите дека ќе испрати онолку војници колку што е потребно за помош, соопштија од претседателскиот кабинет. Државата Рио Гранде до Сул веќе беше погодена од тропски циклон во септември минатата година, кога загинаа повеќе од 30 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ