сабота, 27 јули 2024

Братот на Бајден: Џо не беше вклучен и немаше директен интерес за мојот бизнис

Американскиот претседател Џозеф Бајден „никогаш не учествувал“ во бизнис на друг член на семејството, сведочеше братот на претседателот Џејмс Бајден, кој доброволно сведочеше пред конгресмените, зад затворени врати, како дел од истрагата за импичмент на претседателот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џејмс Бајден (74) беше испрашуван за претходните финансиски трансакции и исплата на заеми за кои републиканците тврдат дека го инкриминираат актуелниот американски претседател од редовите на демократите.

„Во текот на мојата 50-годишна кариера, учествував во различни деловни потфати. Џо Бајден никогаш не учествувал и немал директен или индиректен финансиски интерес во тие активности. Никогаш“, рече Џејмс Бајден во својата воведна изјава, пренесува Вашингтон пост.

Републиканците во Претставничкиот дом го обвинија Бајден, дека за времето кога бил потпретседател на САД, учествувал во недолични деловни активности и корупција, заедно со својот помлад брат Џејмс и синот Хантер – кој има одделни судири со законот.

Тие се фокусирани и на синот на претседателот Хантер, тврдејќи дека тој го користел познатото име на својот татко, додека Бајден бил потпретседател на Барак Обама, за да се збогати преку бизниси во Украина и Кина.

Хантер Бајден (54) го привлекува вниманието поради своите лични правни проблеми, вклучително и федералните обвиненија за затајување данок и купување оружје додека бил зависник од дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ