сабота, 27 јули 2024

Брансон и повреден го предводеше Њујорк до втора победа над Индијана (ВИДЕО)

Њујорк со 130-121 го доби вториот меч против Индијана и поведе со 2-0 во полуфиналната серија на истокот.

Објавено на

часот

Сподели

Во првото полувреме се повреди најдобриот играч на Њујрок, Брансон и долго време беше на клупата. Тоа го искористи Индијана која водеше во тој перио и со десет поени разлика.

Но, во вториот дел Брансон стисна заби, и покрај повредата ги одигра сите 24 минути и заврши како најефикасен во тимот, со што му ја донесе победата од 130-121.

Поради скратената минутажа тој не ја продолжи серијата од четири меча со по 40+ поени, натпреварот го заврши со 29 поени, но и со нив беше најефикасен во својот тим.

По двата меча во Њујрок, серијата сега се сели во Индијана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ