сабота, 27 јули 2024

Бранислав Ангеловски е нов спортски директор на Еурофарм Пелистер

Објавено на

часот

Сподели

Димитар Митревски од приватни причини се разделил со Еурофарм Пелистер.

„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека заради приватни причини спортскиот директор Димитар Митревски се повлекува од својата професионална функција во клубот. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола. Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата“, стои во соопштението на битолскиот клуб.

Брзо потоа стигна информација дека за нов спортски директор е назначен Бранислав Ангеловски.

„РК Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски. Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација. Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз  (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија)“, соопштија од Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ