петок, 18 октомври 2024

Браната Калиманци не се прелеа

Објавено на

часот

Сподели

Дотокот на вода во Калиманци во текот на ноќта остана на нивото од претходниот ден, односно по дваесетина кубни метри во секунда, поради што преостануваат околу пет сантиметри за прелевање преку ѕидот на браната. Кај акумулацијата Гратче, која неколку денови е на прелив, утрово регистрираваме опаѓање за 1,5 кубни метри, со што за неколку сантиметри опадна нивото на Кочанска Река. Поради тоа дојде и до намалување на водата во нејзиното корито кај селата Горни и Долни Подлог и избегната е опасноста од поплавување на оранжерискиот комплекс „Зелена куќа“. Најкритично во текот на ноќта беше кај селото Облешево, каде е поплавен подрум на куќа во близина земјоделските површини, но во соработка со локалната самоуправа на Чешиново-Облешево интервенираме на прочистување и проширување на еден од каналите за да се повлече водата, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани.

Екипите на водостопанската подружница остануваат со 24-часовно дежурство на терен, со приоритет да се спречи излевање на водата од речните корита и поплавување на објекти во населените места во рамничарскиот дел.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ