сабота, 27 јули 2024

Брако во Мексико ќе продава возила на Грин машинс

Брендот возила за чистење на урбани средини Грин машинс на Брако, склучи соработка со Мегамил за продажба на македонските возила на пазарот во Мексико.

Објавено на

часот

Сподели

Возилата на Грин машинс беа промовирани на официјален настан во седиштето на застапникот, на кој присуствуваа оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, директорот на американската филијала на Грин машинс, Александар Младеновски, генералниот директор на Мегамил Марко Мендоза, како и голем број на почесни гости и потенцијали купувачи.

Анѓушев и Мендоза меѓусебно си честитаа за остварената соработка и изразија надеж дека голем број на мексикански градови ќе се придружат на листата на чисти градови кои ги користат специјализираните возила на Грин Машинс.

 

Компанијата Мегамил повеќе од две децении се занимава со увоз на машини за хигиена од врвни светски брендови од САД и Европа, а располага со мрежа за продажба во сите градови во Мексико.

Koмерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ