сабота, 19 октомври 2024

Брајтон со гол пред самиот крај го победи Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Второ коло, втора победа за Брајтон, овојпат над Манчестер јунајтед со 2-1 со погодок на Жоао Педро во самиот финиш од натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Брајтон поведе во 32. минута со гол на Дани Велбек. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед повторно беше стрелец против ѓаволите.

По 15. минути игра Диало постигна гол за израмнување на резултатот од 1-1.

Пет минути подоцна Манчестер јунајтед се израдува на пресврт, но голот на Гарначо беше поништен поради офсајд бидејќи на патот кон мрежата Зиркзе ја удри топката.

Кога се очекуваше мечот да заврши нерешено, во 95. минута по одлична асистенција на Адингра, Жоао Педро постигна гол за победа на Брајтон од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ