сабота, 19 октомври 2024

Брајтон потроши преку 200 милиони евра, потврден трансферот на О’Рајли

Брајтон попладнево го комплетираше транфсерот на Мет О’Рајли од Селтик, популарните „галеби“ ја надминаа бројката од 200 милиони евра потрошени на засилувања ова лето.

Објавено на

часот

Сподели

Брајтон промовира ново засилување, на „Амекс“ пристигна 23 годишниот Мет О’Рајли од Селтик.

Детали од зделката не се откриваат, но се шпекулира дека се работи за рекордна продажба за Селтик и шкотискиот фудбал, Брајтон ќе плати околу 26 милиони фунти (нешто над 30 милиони евра), плус додатни 4 милиони фунти во бонуси (оклолу 5 милиони евра).

Со овие суми, популарните „галеби“ ја надминаа бројката од 200 милиони евра потрошени на нови играчи ова лето.

Повеќе од Брајтон ова лето има потрошено само Челси, а клубот од „Амекс“ нема да застане тука, во следните денови треба да го комплетира и трансферот на Ферди Кадиоглу од Фенербахче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ