сабота, 27 јули 2024

Брајант постигна 48 поени, а не погоди ниту една тројка

Објавено на

часот

Сподели

Брајант сам ги затемни „сонцата“ во триумфот на Лејкерс со 99-83, откако постигна 48 поени, но тоа што го одбележува неговиот извонреден учинок е фактот што не погоди ниту една тројка на мечот (имаше скор за три поени 0/3). Ѕвездата имаше извонредни 18/31 за два поени и 12/13 за слободни фрлања, на кои додаде пет скока и три асистенции, а помош имаше од Пау Гасол со 16 поени и 12 скока.

Кошаркарите на Вашингтон конечно успеаја да се израдуваат на победа, па по деветте порази донесоа радост во главниот град на САД, откако славеа над Торонто со 93-87. Мајами загуби кај Голден Стејт дури по продолженија со 111-106, Филаделфија продолжи да изненадува со одличната игра, откако нови на менито за шеста победа во низа, беа кошаркарите на Сакраменто. Филаделфија славеше со 112-85.

Резултати: Вашингтон – Торонто 93-78, Шарлот – Хјустон 70-82, Филаделфија – Сакраменто 112-85, Детроит – Далас 88-100, Мемфис – Оклахома сити 95-100, Минесота – Чикаго 100-111, Милвоки – Сан Антонио 106-103, Јута – Кливленд 113-105, Портланд – Клиперс 105-97, Голден Стејт – Мајами 111-106 (по продолженија), ЛА Лејкерс – Феникс 99-83.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ